Српскиот јутјубер кој се снима со мечки се најде и на Фокс Њуз

Српскиот јутјубер познат како Јанко се најде во центарот на вниманието на голем број светски медиуми откако на ТикТок објави видеа од директна средба со две мечки.

Јанко од порано е познат на регионалната публика по несекојдневните предизвици во кои се впушта. Тој помина 24 часа во шума, каде што се сретна, очи в очи, со диви животни.

@foxnews

‘ON THE EDGE OF LIFE’: Influencer records the unbelievable moment he comes face-to-face with a massive bear inside its own den as he narrowly escapes the brush with death.

♬ original sound – Fox News – Fox News

Тој влезе во пештера која мечките ја користеле за спиење, а потоа се искачи на дрво за да им избега.

„Нема да верувате што ми се случи. Поминувам 24 часа во  шума и ме нападна мечка, т.е. не ме нападна туку ме чека. Има и уште една“ вели Јанко на една од снимките, после што се качува на дрво.

Кога Србинот се обидува да излезе од пештерата, цел во кал, мечката го чека надвор, а потоа го душка по лицето.

Подвизите на Јанко се најдоа во сите светски медиуми како „Дејли Мејл“ и „Фокс Њуз“ кои известуваа за него и неговите авантури, што му помогна да собере огромен број нови претплатнци на социјалните мрежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни