Српски кошаркарски легенди со осуда за провокациите од Чациленд кон Дијана Хрка

„Болката на мајката не смее да биде предмет на ругање. Нема оправдување, нема „друг агол“. Постои само човечност или нејзино отсуство“ напиша Богадновиќ

Поддржувачите на режимот на Александар Вучиќ, сместени во шаторите пред српското Собрание популарниот Чациленд со денови ја провоцираат Дијана Хрка мајка на загинато момче од Нови Сад која штрајкува со глад пред Собранието.

Осуда на таквиот однос на приврзаниците на СНС кон мајка која го изгубила својот син стигнаа од многу страни во Србија, а со реакција се јавија и познати кошаркарски имиња.

Еден од нив е капитенот на српската кошаркаска репрезентација, Богдан Богдановиќ.

„Болката на мајката не смее да биде предмет на ругање. Нема оправдување, нема „друг агол“. Постои само човечност или нејзино отсуство“ напиша Богадновиќ на Инстаграм.

Своја реакција имаше и прославениот кошаркар, некогашен српски селектор, а денес кошаркарски тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ.

„Некогаш ѝ се воодушевував на мојата земја, гордо бранејќи ги нејзините бои, вредности и историја. Денеска веќе тоа не е случај. Денес се срамам од нечовечноста и бесчуствителноста што избиваат од мракот на Чациленд“ напиша Ѓорѓевиќ на платформата Х.

Осуда на провокациите кон Дијана Хрка дојде и од други кошарски имиња како некогашниот капитен на Партизан, Србија и Баерн Минхен, Мирослав Лучиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни