Српската влада и официјално падна, до 18 април треба да се избере нова

Мандатот на српската влада и официјално заврши денеска откако претставници во српското Собрание изјавија дека премиерот Милош Вучевиќ поднел оставка, што повлекува и пад на целата влада.

Законскиот рок за избор на премиер и нова влада е 18 април, а доколку тоа не се случи, претседателот на Србија е должен да го распушти Народното собрание и да распише предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат во рок од 45 до 60 дена, а тоа е почетокот на јуни.


Опозицијата, по сомневањата дека се украдени изборите во декември 2023 година, инсистира на преодна или експертска влада која во рок од една година ќе ги воспостави условите за фер и демократски избори.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, вели дека „се додека е жив“ нема да се согласи со преодна влада и дека „може само да го убијат“ бидејќи нема да дозволи „ѓубрињата“ да ја преземат власта без избори и да ја „уништат Србија“.

Вучевиќ поднесе оставка среде студентските протести утрото на 28 јануари, откако неколку членови и симпатизери на Српската напредна партија (СНС), чиј претседател е Вучевиќ, претходната вечер во Нови Сад со бејзбол палки нападнаа група студенти, скршејќи му ја вилицата на еден студент.

Почнува уставниот рок за избор на нова влада.

Опозицијата инсистираше Собранието на првата седница да ја признае оставката на Вучевиќ и падот на Владата, но тоа не беше направено додека парламентарното мнозинство во меѓувреме на неколку седници „протурка“ дневен ред со повеќе од 70 точки.

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ денеска изјави дека уставниот рок за избор на нова влада официјално започнува на 20 март.

Владата од утре практично ќе работи под технички мандат, без можност да предлага закони, прописи и извршни одлуки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни