Српската глумица Бранка Катиќ во новиот холивудски филм за Роналд Реган и Михаил Горбачов

„Варајати“ ја претстави Бранка Катиќ како српска актерка која доби пофалби ширум светот за нејзината улога во филмот на Емир Кустурица „Црната мачка, белата мачка“, кој, како што велат и ја отворил вратата на нејзината кариера во други земји

Српската глумица Бранка Катиќ, ќе ја игра една од главните улоги во филмот „Рејкјавик“ на продуцентската куќа „СК Глобал“, кој ја прикажува клучната средба меѓу американскиот претседател Роналд Реган и советскиот претседател Михаил Горбачов во 1986 година за време на студената војна Вторник во Исланд и токму во куќата Хевди каде се одржа вистинскиот самит, со што започна ново, помирно поглавје во односите меѓу САД и СССР, како и во целиот свет.

Режисер, сценарист и продуцент на филмот е Мајкл Расел, кој собра импресивна актерска екипа.

Во Рејкјавик, Џеф Даниелс е Роналд Реган; Џаред Харис Михаил Горбачов; Џеј – Кеј Симонс, државен секретар Џорџ Шулц; Хоуп Дејвис е Ненси Реган, а Бранка Катиќ е Раиса Горбачов.

„Варајати“ ја претстави Бранка Катиќ како српска актерка која доби пофалби ширум светот за нејзината улога во филмот на Емир Кустурица „Црната мачка, белата мачка“, кој, како што велат и ја отворил вратата на нејзината кариера во други земји.

Таа глуми и во филмовите „Warriors“, „Breaking and Entering“ и „Public Enemies“, како и во сериите на HBO „Entourage“, „Bored to Death“ и „Big Love“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни