Српска ревија на македонскиот филм од 14 ти до 16 ти ноември во Белград

Потпишување на Договорот за основање културно-информативни центри во Скопје и Белград ја засилува културната соработка меѓу Србија и Северна Македонија, па оваа година се смета за идеален момент за покренување на манифестација која би прераснала во традиција

Српската ревија на македонскиот филм што ќе се одржи од 14 до 16 ноември во Белград, е замислена како тридневен настан што ќе понуди филмски проекции од врвни македонски автори, збогатени со музички и уметнички програми, претворајќи го настанот во вистински празник на македонската култура и уметност.

Настанот ќе се одржи во УК Пароброд, Белград, со поддршка на: Министерство за култура на Република Србија, Општина Стари Град, Република Србија УК Пароброд, Филмски центар на Србија Филмски новости, Кинотека на Северна Македонија, Амбасада на Република Северна Македонија, Стопанска комора на Република Северна Македонија, Винарија Тиквеш Кораб Трница. Директор на ревијата е Јорданчо Петковски, а уметнички директор е Вардан Тозија.

Настанот е во организација на продуцентските куќи ФИЛМОСКОПИЈА од Србија и НЕСТ Продукција од Северна Македонија

„Македонската култура, и особено македонскиот филм и музиката, се дел од богато наследство, каде традиционалните и современите вредности се испреплетуваат на еден возбудлив начин што луѓето во Србија често го чувствуваат како свое. Ова чувство произлегува не само од заедничкото општествено-политичко минато, туку и од уметничките врски меѓу овие простори, каде културата и уметноста служеле и продолжуваат да служат како поврзувачка нишка на Балканот.

Потпишување на Договорот за основање културно-информативни центри во Скопје и Белград ја засилува културната соработка меѓу Србија и Северна Македонија, па оваа година се смета за идеален момент за покренување на манифестација која би прераснала во традиција“ велат организаторите.

Ревијата на македонскиот филм ќе се одржи во три дела: филмски, музички и културно-деловен сегмент.

Филмскиот дел, како централна компонента, вклучува: документарни, краткометражни, и долгометражни играни филмови, како и македонски класици (во соработка со Кинотеката на Северна Македонија) и филмски журнали (во соработка со Филмските новости на Србија).

Посебен куриозитет се филмските журнали – досега необјавени архивски материјали од Филмските новости, кои ќе прикажат сегменти од животот во Македонија.

Во музичкиот дел на ќе кастапат Игор Василев Новоградска – DJ и композитор, познат по соработката со Милчо Манчевски и Пијан Славеј – популарен музичар и текстописец од Битола, со девет студиски албуми и музика за театарски претстави, документарци и играни филмови.

Бранислав Николов, фронтмен на групата Пијан Славеј ќе настапи со изведби на своите уникатни композиции. Неговата работа вклучува музика за филмовите „Honeyland“, „Cash and Marry“ и „Исцелител“, а во 2018 година одржа незаборавен настап со Македонската филхармонија на концертот „Murder Ballads“.

Композитор и музички иноватор Игор Василев Новоградска пак е познат по својата способност да креира атмосфера која совршено ја следи филмската и театарската уметност, а неговата електронска и амбиентална музика освојува публика низ целиот свет. Неговиот настап ќе го заокружи културниот доживување на ревијата, спојувајќи аудиовизуелни впечатоци со тематскиот програм на фестивалот.

Во прилог е Програмата

Ден 1 – Отворање 19:00ч

– Журнали: Филмски новости

– Проекција: „Медена Земја“

– Q&A со режисерката Тамара Котевска

– Коктел со музика на бендот Пијан Славеј, вина од винаријата Тиквеш и сирења од Кораб Трницa

Ден 2

17:00

– Мастер клас со Тамара Котевска

19:30

– Журнали: Филмски новости

– Проекции: „Дае“ и „Тетовирање“, автор Столе Попов

Ден 3 – Затворање

17:00

– Краткометражни македонски филмови

Проекции: „Северен Пол“ (Марија Апчевска), „Бубачки“ (Игор Иванов), „Човек со чудна навика…“ (Вардан Тозија), „Елена“ (Дина Дума), „Ливада“ (Митко Панов)

19:30

– Журнали: Филмски новости – Завршна проекција: „Панкот не е мртов“

– Разговор со Владимир Блажевски

– Коктел со музиката на Игор Василев Новоградска, вина од винаријата Тиквеш и сирења од Кораб Трница

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни