Српската дијаспора во САД им оддаде почит на жртвите од Нови Сад: „Болката нема граници“

На собирот во Њујорк и уште десет американски градови, дијаспората со белите рози, свеќи и 16 минути тишина испрати порака на солидарност со студентите и граѓаните на Србија.
Граѓани палат свеќи пред железничката станица во Нови Сад
Photo: Beta/Saša Đorđević

Под истото небо и со иста болка, српската дијаспора во САД се собра за да им оддаде почит на жртвите од падот на надстрешницата во Нови Сад. Централен собир беше одржан на Островот Рузвелт во Њујорк, каде граѓаните во 11:52 часот одржаа 16 минути тишина – по една за секој изгубен живот.

Присутните носеле транспаренти со имињата на жртвите, бели рози и српски знамиња, а на собирот беше прочитано и писмото што студентите од Србија го упатија до дијаспората, во кое се изразува благодарност за поддршката и се повикува на понатамошно заедништво:

„Драга дијаспоро, драги наши луѓе ширум светот… 16 животи се изгубија поради немар и системска корупција. Ова не беше случајност – ова беше повик на будење. Вие што сте заминале, ја разбирате нашата борба. Вашиот глас е дел од нашиот отпор.“

На собирот во Вашингтон било прочитано и писмо од Дијана Хрка, која им се заблагодарила на припадниците на дијаспората за поддршката и ги повикала да продолжат со својот ангажман. Во рамки на настанот била отворена и фотографска изложба „Bodies of Protest“, инспирирана од студентските протести во Србија, што предизвикала голем интерес кај посетителите.

Комеморативни собири се одржаа и во Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско, Хјустон, Бостон и други американски градови, каде граѓаните полагаа цвеќе, палеа свеќи и поставуваа изложби на фотографии со сцени од протестите и комеморациите во Србија.

Во сите градови, атмосферата беше достоинствена и тивка, а пораката иста – сеќавањето не смее да згасне, а правдата мора да победи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни