Средношколците со свои визуелни решенија ќе креираат кампања за подигнување на свеста за органодонорство

Средношколците од сите средни училишта во земјава имаат можност да ги покажат своите визуелни креативни дела на тема органодонорство, преку повикот кој денес е распишан во рамки на проектот „Поддршка на системот  за трансплантација во Република Северна Македонија“, финансиран од ЕУ, што се спроведува во соработка со Министерството за здравство.
Tрансплантацијата на органи, освен што спасува животи, ги поставува и темелите на етичките принципи во здравството, но и во општеството во целина. Органодонорството не само што спасува животи на пациентите кои немаат друг избор за лекување, туку и ја  испитува хуманоста кај луѓето. Семејствата на донорите заслужуваат почит и признание за нивниот алтруизам и надежта која ја даваат за подобра иднина на болните, но и на целото општество преку нивниот пример. 

Сите заинтересирани средношколците можат да пријават најмногу две креативни дела и тоа  дигитален изложбен постер или друг тип визуелна порака која поттикнува размислување за органодонорството  до 1 март 2024 година, на мејлот на transplantacijamkvisuals@gmail.com.

Најдобрите три дела по избор на професионало жири ќе бидат наградени, додека дополнителни 10 ќе бидат претставени на јавна изложба, заедно со професионални решенија за графички дизајн.

Повеќе детали за повикот на следниот линк

Најново

Последни колумни