Средношколците протестираат во среда пред Министерството за образование поради продолжување на учебната година

Средношколци од Белград најавија протест во среда, на 21 мај, пред Министерството за образование поради одлуката учебната година да биде продолжена.

Ученици од неколку белградски гимназии на социјалната мрежа Инстаграм објавија дека протестот ќе започне во 18:30 часот.

„Министерството за образование, кое е делумно одговорно за прекинот на наставата и блокадите на средните училишта низ Србија, со продолжувањето на учебната година и нереалистичното надоместување на часовите, се обидува да создаде лажна слика за нормалност“, стои во објавата.

Средношколците нагласуваат дека немаат услови за следење настава и дека „нема да молчат на притисоците“.

Министерството за образование почетокот на мај објави дека подготвува измени и дополнувања на правилникот за Календарот на образовно-васпитниот работен план, според кои учебната 2024/25 година може да биде продолжена најмногу за пет наставни денови во основните училишта, 20 дена за средните, и 25 дена за гимназиите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни