Средношколците од „Орце Николов” го освојуваат светот

Група средношколци од гимназијата “Орце Николов” во последиве две години го обиколија светот од Сингапур до Хјустон. Од финале на натпреварот „Aramco F1 in Schools“ до NASA Space Apps Challenge националното супер финалето. 

Марио, Мирослав, Бојан и Дарко се само дел од тимот „Aerth Racing“, кои се подготвуваат за уште многу предивици.  Приказната за почетоците, за “Трн” ја раскажа Марио Блажевски.

-Со Мирослав почнавме на натпревари да одиме уште од прво одделение. Тоа беа училишни натпрeвари по физика и народна техника. Учествувавме на неколку повици на Фондот за иновации и од таму ни дојде идеја да учествуваме на поголеми натпревари, што се и веќе светски акредитирани. Оформивме здружение на граѓани со поддршка од гимназијата „Орце Николов“, а потоа и од Машинскиот факултет – вели Марио Блажевски

Меѓу најзначајните нивни резултати се NASA Space up challenge– меѓународен натпревар каде што се стимулираат младите да создадат мал тим што ќе работи на специфичен предизвик даден директно од NASA.

– NASA Space up challenge е еден предизвик каде што  ние направивме веб-апликација каде што може директно да ја видиме точната локација на Интернационалната вселенска станица и притоа да видиме како таа се движи, како орбитира околу нашата планета. Главната награда беше да патуваме во Америка, односно во NASA центарот. Самото тоа што сме таму во NASA, што имаме прилика да се запознаеме со многу успешни индивидуи кои од ништо успеле да стигнат до таму, навистина претставува едно инзворедно искуство – вели Мирослав Мишовски.

Предизвикот даа се биде дел од овие натпревари е голем , велат средношколците. Само во „Aramco F1 in Schools“ учествувале околу 40 тина држави односно 68 тима и тоа се само држави кои се квалификувале. Во Грција и во Германија се одржувале локални финалиња со по 40 и повеќе тимови.

– Предизвикот е преголем. Има многу делови понатаму во животот што треба да ги користиме, како тимска работа, инжинерство, математика, маркетинг – вели Дарко Трајанов.

Двата натпревари се одлични искуства велат средношколците за да можат да видат што постои во светот.

-Да ни се отвори малку видикот надвор од границите на Македонија, да видиме како всушност во другите држави средношколците напорно работат и кои квалитети ги поседуваат.  Моментално, наша главна цел е да го продолжиме ова натпреварување во Македонија, односно да заземеме повторно учество на натпреварот F1 Shools во 2024 сезона, вели Бојан Ефтимоски

За овие млади луѓе, учествувањето во вакви проекти е многу важно бидејќи надвор од оценките, дружењето со луѓе од различни нации и учеството во проекти многу допринесува за изградба на карактерот на една личност. Светот велат е многу широк и на нас е да го освоиме.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни