Средношколци од Средното медицинско училиште оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани

Околу 100 средношколци, заедно со своите професори, одржаа мирен собир во чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. Настанот се одржа веднаш по последниот училиштен час, а учениците од Средното медицинско училиште положија цвеќе и запалија свеќи во знак на сочувство.

Една ученичка одржа краток говор, истакнувајќи ја важноста на солидарноста и поддршката во овие тешки моменти. Присутните минути молчеа во спомен на загинатите, испраќајќи порака на емпатија и единство.

Настанот беше организиран спонтано од учениците, како гест на почит кон настраданите и нивните семејства.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни