Новиот извештај на Коалицијата CASE против SLAPPs (стратешки тужби против учество на јавноста) во Европа, ја рангира Србија како најлош престапник на Балканот во однос на бројот на тужби со цел да ги замолчат или заплашат критичарите минатата година.
Според базата на податоци на CASE, 1.049 т.н. SLAPPs биле поднесени во Европа во периодот од 2010 до 2023 година, од кои 166 само во 2023 година. Од нив, „значителен број на SLAPPs беа мапирани во Италија (26), Романија (15), Србија (10) и Турција (10)“, се вели во извештајот.
Од 2010 до 2023 година, водечка европска земја во однос на бројот на тужби од SLAPP беше Полска, со 128 случаи. На Балканот прва е Србија со 56, потоа Хрватска со 55 и Босна и Херцеговина со 54. Следна е Словенија со 42, потоа Романија со 40 и Турција со 38. Подолу на листата, Бугарија забележа 19 случаи, Северна Македонија – 7 , Албанија – 6, Косово – 5т и Црна Гора ниту еден случај.
Според извештајот на CASE, „SLAPPs сѐ повеќе се користат како форма на „приватна цензура“. На пример, БИРН во моментов се соочува со четири судења во Србија поврзани со тужбите за SLAPP, од кои три се поврзани со градоначалникот на Белград.
CASE бил формиран како непрофитна коалиција на невладини организации за да ги разоткрие SLAPPs, да ја охрабри издржливоста и да се залага за реформа на законот за да ја заштити јавноста од овие тужби.