Србите реагираат дека Вучиќ собира политички поени кај повредените од пожарот во Кочани

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес со медиумски екипи беше во посета на повредените од трагичниот пожар во Кочани кои се на лекување во Белград, што наиде на критики од српската јавност.

Со повеќе од 10 новинари со камери и микрофони Вучиќ шеташе низ болниците, посетувајќи ги тешко повредените од трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Ваквиот потег наиде на остри критики кај граѓаните на социјалните мрежи, кои не го криеја незадоволството.


„Браќа Македонци, не грижете се…тој лично ќе ги лечи…голем експерт за се…обожавател на интензивна нега, врвен познавач на респиратори…сите села ги знае напамет“ е еден од коментарите кој се споделува на социјалните мрежи.

Другите граѓани во коментари прашуваат дали воопшто има малку срам и човечност што ги малтретира тешко-повредените пациенти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни