Србите ги поздравија медалистите од ЛОИ, но и скандираа против рудниците на литиум

Српските олимпијци кои освоија златни, сребрени и бронзени медали синоќа беа дочекани пред Градското собрание во Белград, а од собраните граѓани се слушаше „Рио Тинто марш од Србија“.

Иницијативата, „Крени-промени“ објави видео на кое се слуша како собраните граѓани извикуваат пароли против компанијата која планира да ископува литиум во долината Јадар, додека веат српски знамиња.

Собраните граѓани исто така носеа и транспаренти на кои пишуваше „Нема да копате“ и „Слобода за еколошките активисти“. Од иницијативата „Крени-промени“ исто така објавија дека дел од активистите кои го носеле транспарентот „Нема да копате“ биле уапсени по прославата.

Претходно, во саботата во Белград беше одржан голем протест против ископувањето на литиум. На протестот во саботата беа уапсени тројца активисти на кои им беа одредени затворски казни од 30 до 40 денови. Тие се затворени поради учеството во блокада на пругата по протестот и се теретат за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно, дрско и безобразно однесување.

На дочекот на спортистите пред граѓаните се појавија Новак Ѓоковиќ, ватерполистите, Дамир Микец, Зорана Аруновиќ, Александра Перишиќ и кошаркарската репрезентација на Србија.

Најново

Последни колумни