Србин направил ракија од јагоди, еден литар чини над 50 евра

Жител на српското село Загорица започнал да прави ракија од јагоди, која, како што открива тој за српската Регионална информативна новинска агенција, има фантастичен вкус.

Тој открива дека за еден казан се потребни 120 килограми јагоди плус ензими, квасец за овошна ракија и храна за квасецот, а вкупната сума за производството на еден казан, од кој излегуваат околу осум литри ракија е 400 евра, односно по околу 50 евра од литар.

„Годинава имав малку поголемо количество јагоди, а поради увозот на ова овошје, цената почна брзо да опаѓа и решив да сомелам некоја количина за ракија. Подготовката ја направив како за ракија од дуња или кајсија, додадов ензими, квасец и храна за квасец. Според мене, добиената ракија е извонредна, со пријатни, многу интензивни ароми, без негативни вкусови и киселост“, открива  Драган Јовановиќ.

Тој не очекува дека ќе има многу заинтересирани купувачи поради високата цена, но како што кажува тој неговата цел било да се создаде квалитетен производ, а не производ од кој ќе заработува. Драган открива дека доколку додал околу 20 килограми шеќер по казан би ја зголемил добиената количина на ракија, но би го намалил нејзиниот квалитет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни