По целодневната дождовна магла, вечерва во поединечни делови на Србија падна првиот снег и ги забели улиците.
Во западните краишта дошло до нагло заладување, па дождот преминал најпрво во дожд со снег, а потоа и во чист снег. Во Ужице се бележи слаб интензитет на врнежи, додека на повисоките предели на Златибор и околу Нова Варош снегот паѓа поинтензивно, пренесува агенцијата Рина.
Возачите кои се движат по патот преку Боровa Глава и Златибор се повикуваат на зголемено внимание, особено во ноќните часови. Надлежните предупредуваат и на задолжителна употреба на зимска опрема поради можност од создавање поледица и намалена видливост.
Снег, со нешто послаб интензитет, паѓа и во Чачак.
