Силен снег и обилни врнежи ја зафатија Србија, а снежниот бран пристигна и во Белград.Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за обилни врнежи, отежнат сообраќај и можни прекини во снабдувањето со електрична енергија низ земјата.
Во главниот град снегот паѓа со засилен интензитет, што дополнително го забавува сообраќајот. Возачите на јавниот превоз се движат со зголемена претпазливост поради ризик од пролизгување.
До 20 сантиметри влажен снег
Според најновото предупредување, денес (17 февруари) се очекува формирање снежна покривка и во пониските предели, главно јужно од реките Сава и Дунав. Се прогнозираат од 8 до 20 сантиметри влажен снег, а на планините и повеќе.
Влажниот и интензивен снег може да предизвика: проблеми во сообраќајот, намалена видливост, натрупување снег на коловозите и локални проблеми во електропреносниот систем
Престанок на врнежите се очекува кон крајот на денот и во текот на ноќта кон среда.
Најпогодени градови
Снежниот бран ги зафати Белград и Нови Сад, а поинтензивни врнежи се очекуваат во Ужице, Нови Пазар, Крагуевац, Ваљево, Прибој и Сјеница.
Во Сјеница температурата ќе се спушти околу -2°C, додека на Копаоник се очекуваат и до -5°C.
Во текот на денот снегот ќе се прошири на сите краеви јужно од Сава и Дунав, вклучително и Косово и Метохија, движејќи се од запад кон исток.
Состојба на патиштата
Од „Патишта Србија“ соопшти дека патиштата се проодни, но апелира на внимателно возење. Колoвозите се влажни, а на одделни делници има до пет сантиметри снег.
Забележани се: ситни одрони во клисури и усечени делови, појава на поледица, магла на делници покрај реки и во котлини.
Најмногу одрони има кај Зајечар, на патот I Б-34 (Ѓердапска клисура), како и на делницата Књажевац – Кална.
Во текот на ноќта меѓу вторник и среда се очекува постепено разведрување, но ниските температури може да придонесат за формирање поледица.
Пристапите до граничните премини и туристичките центри засега се проодни.