Вчера вечер во повеќе делови во Србија врнеше силен снег. За петок има најави за уште пообилни снежни врнежи. На планината Тара во Србија падна големо количество снег, исто и на Златибор.
Големо количество снег падна во месноста Калуџерски бар на Тара. На коловозите има снег, па на возачите им се препорачува да возат внимателно.
Републичкиот хидрометеоролошки завод вчера предупреди дека во Србија во попладневните часови се очекува нагло опаѓање на температурата, со врнежи од дожд кои ќе преминат во снег и лапавица.
Во пониските предели на централна, западна и јужна Србија ќе се формира снежна покривка до пет сантиметри, а во ридско-планинските од 10 до 15 локално и повеќе.
Арктичкиот удар на студен воздух веќе пристигна во Европа. Британија беше прва на удар. Снегот го затрупа поголемиот дел од земјата, температурата се спушти до минус 11 степени.