Во Србије денес е прогласен Ден на жалост, по повод масовното убиство на Цетиње во Црна Гора, кое се случи во среда, 1. јануари.
Ден на жалост прогласила Владата на Србија на седница одржана во сабота, објави премиерот Милош Вучевиќ на Инстаграм.
Цетињанецот Александар Мартиновиќ убил на 1. јануари 12 сограѓани, меѓу кои членови на семејството, пријатели и кумови, а потоа побегнал од местото на злосторството. По опколувањето од страна на полицијата, Мартиновиќ извршил самоубиство.
Граѓаните на повеќе градови во Србија палат свеќи за убиените на Цетиње, студентите во Нови Сад продолжуваат со акциите на 15 минути тишина за жртвите на трагедијата со дополнителни 12 минути, а државните функционери изразиле сочувство до црногорските колеги и народ.
Тродневна жалост во Црна Гора беше прогласена од 2. до 4. јануари, додека Република Српска прогласила го прогласи 3. јануари за Ден на жалост.