Срамна изјава на Брнабиќ: Натстрешницата во Нови Сад била намерно срушена за да започне „обоена револуција“

На ваквите тврдења на поранешната српска премиерка, реагираше Академскиот пленум кој бара Брнабиќ да ги докаже таквите тврдења, а ако не успее, тогаш да ѝ биде одреден притвор

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изнесе во најмала рака шокантни и срамни тврдења околу падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Брнабиќ рече дека натсрешницата не паднала случајно и сама од себе, туку дека била намерно „урната како почеток на обоена револуција“.

„Мислам дека сè беше организирано, планирано и мислам дека натсрешницата беше срушена како почеток на обоената револуција. Тие видоа дека луѓето ќе излезат како чин на, би рекла, емоционална поддршка за семејствата на жртвите и дека потоа ќе можат да ја управуваат оваа криза како што сакаат. Апсолутно мислам денес дека сето ова е план за уништување на Србија од сосема јасни причини и како одмазда за некои работи што претседателот Александар Вучиќ храбро ги направи “, рече Брнабиќ.

Според неа, сè било подготвено однапред.

„Не мислам дека настршницата паднала сама од себе, не мислам дека било несреќа, трагедија или било каков производ на некои неодговорни дејствија. Во таа смисла, мислам дека била планирана диверзија“ додаде таа.

Академски пленум: Брнабиќ да ги докаже тврдењата за диверзија или да ѝ се одреди притвор

На ваквите тврдења на поранешната српска премиерка, реагираше Академскиот пленум кој бара Брнабиќ да ги докаже таквите тврдења, а ако не успее, тогаш да ѝ биде одреден притвор.

„Академскиот пленум најостро ги осудува денешните изјави на претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, со кои трагедијата на новосадската железничка станица, во која загинаа 16 луѓе, ја означи како „планирана диверзија“.

Ваквите тврдења, изнесени без ниту еден доказ, претставуваат вознемирување на јавноста и ширење паника. Затоа го повикуваме надлежното Јавно обвинителство итно да ја повика госпоѓицата Брнабиќ да изнесе докази за своите тврдења. Доколку такви докази не постојат, очекуваме да ѝ се, во согласност со законот, одреди притвор поради ширење паника и дестабилизација на општеството“ се вели во реакцијата.

Настрешницата во Нови Сад се сруши на први ноември 2024 година, а при нејзиниот пад загинаа 16 лица.

Оттогаш па до денес, во Србија постојано се одржуваат блокади и протести, кои овие денови ескалираа поради чести случаи на полициска бруталност кон демонстрантите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни