Хоихо, кој организаторите на натпреварот Forest and Bird го сметаат за најреткиот вид пингвини во светот, во натпреваерот ги победи црниот робин од островот Чатам и какапо, добивајќи значителна поддршка од јавноста во последната недела од натпреварот.
Овогодинешниот натпревар имаше помалку медиумски интерес од минатата година, кога телевизиската кампања на американско-британскиот комичар Џон Оливер во корист на путетеке привлече рекорден број гласачи од 195 земји и го урна системот за верификација на веб-страницата.
Хоихо, чие потекло е Нов Зеланд, има околу 4.000 до 5.000 единки.
Името на птицата на маорски значи „гласен врескач“. Овие птици се познати бидејќи се самоизолираат и многу мирисаат. Пингвинот претходно ја освои титулата во 2019 година.
Извршната директорка на Forest and Bird, Никола Токи рече дека овие птици се во критична состојба.
„Изгубивме 78% од нивното население за само 15 години поради предатори и климатски промени“, рече таа.
На натпреварот беа дадени речиси 52.500 гласови, што ја одразува длабоката поврзаност на Новозеланѓаните со нивните птици, но многу помалку од 350те илјади добиени гласови минатата година, откако кампањата на Оливер ја привлече светската публика.
„Одлично е да се види како кликнуваме на нашиот национален идентитет“, рече Токи.
Поради помалиот број копнени предатори, Нов Зеланд е дом на повеќе видови птици што не летаат од кое било друго место во светот, вклучувајќи пингвини, такаа и познатите киви.
Извор: Ројтерс