Пехчевските пожарникари – добороволци денеска гаснеа пожар кај место викано „Суви Дол“. Во пожарот, како што информираа, зафатени биле овошни насади, како и сува трева.
– Денеска пет членови на Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, заедно со вработени од ПШС „Равна Река“ – Пехчево, интервенираа на пожар на место викано „Суви Дол“, каде гореа сува трева и овошни насади. Пожарот е локализиран во најкраток можен рок, изјавија од ДПД – Пехчево.
Оттаму апелираа да не се пали оган на отворено.
– Се молат сите граѓани да не палат сува трева и грмушки на отворено, бидејки знаеме што се случи минатата година и затоа, да не дозволиме да се повтори вакво сценарио, додадоа од ДПД – Пехчево.
Појава на запалени стрништа и сува трева, деновиве имаше и во атарот на каменичко.