Француската полиција спречи бомбашки напад во Париз и уапси маж кој се обидел да постави експлозивна направа пред банка.
Бомбашки напад беше спречен во Париз, откако полицијата уапси маж кој се подготвувал да активира импровизирана експлозивна направа.
Инцидентот се случил во раните утрински часови, околу 3:30, во улицата Rue de la Boétie во западниот дел на центарот на градот.
Осомничениот бил приведен токму во моментот кога ја поставувал направата пред објект на Bank of America.
Според првичните информации, експлозивната направа била изработена од сад со околу пет литри запалива течност и механизам за детонација.
Истрагата ја презеде антитерористичкиот оддел на париската криминалистичка полиција.
Надлежните засега не соопштуваат дополнителни детали за мотивите, но случајот се третира како сериозна безбедносна закана.