Spotify со рекорден резултат: Има 678 милиони корисници

Spotify исто така објави рекордна оперативна добивка за наведениот период, која изнесува 509 милиони евра, а приходот достигна 4,2 милијарди евра.

Компанијата Spotify откри дека само во текот на првиот квартал од оваа година (јануари–март) има нови пет милиони премиум корисници на својот популарен стриминг сервис. Ова претставува раст од 12% во споредба со првиот квартал од 2024 година. Со тоа, вкупниот број на претплатници на Spotify порасна на 268 милиони.

Spotify исто така објави рекордна оперативна добивка за наведениот период, која изнесува 509 милиони евра, а приходот достигна 4,2 милијарди евра.

Spotify сега има вкупно 678 милиони корисници кои се активни на месечно ниво, од кои 423 милиони се корисници на бесплатниот сервис со реклами. Според најновата статистика, Spotify бележи стабилен раст и во приходите и во бројот на корисници, со што дополнително се позиционира како водечки сервис за стриминг на музика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни