Шефот на музичката платформа „Спотифај“ не планира целосна забрана на содржината креирана со вештачка интелигенција (ВИ).
Шефот Даниел Ек за „Би-Би-Си“ изјави дека има валидна употреба на ВИ во технологијата за креирање музика, но тоа не треба да се користи за да претставува артисти без нивна согласност.
Ек рече дека за употребата на ВИ во музиката веројатно ќе се дебатира „многу многу години“.
Според него има три „пакети“ со алатки за употреба на вештачка интелигенција; алатки како автоматско прилагодување (auto-tune) кои ја подобруваат музиката, а за кои се сметаше дека се прифатени, алатки кои имитираат артисти и спорна средина каде музиката создадена со ВИ очигледно е под влијание на постоечки артисти, но не ги имитира директно.
„Ќе биде незгодно“, рече Ек одговарајќи на прашањето за предизвикот со кој се соочува индустријата.
Иако ВИ не е забранета во сите форми, компанијата не дозволува нејзината содржина да се користи за обука на машинско учење или модел на вештачка интелигенција со што подоцна може да се произведува музика.
Артистите сѐ повеќе зборуваат против употребата на ВИ во креативните индустрии. Ирскиот музичар Хозиер минатиот месец изјави дека ќе размисли за штрајк поради заканата од ВИ за неговата професија.
Покрај тоа ниту Дрејк ниту Д Викенд не беа свесни за колнираните верзии на нивните гласови кои беа искористени во песната „Heart on Mu Sleeve“. Песната потоа во април беше отстранета од Спотифај и други стриминг плафтформи.
Извор: bbc.com