Спортскиот свет во шок: Почина фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота

Несреќата се случила во покраината Замора, на 65-тиот километар од автопатот А-52 во близина на општината Паласиос се Санабрија

Светот на фудбалот утрово го потресе тажна вест.

Неколку светски медиуми објавија дека во сообраќајна несреќа во Шпанија починал португалскиот фудбалер и член на тимот на Ливерпул, Диого Жота (28).

Несреќата се случила во покраината Замора, на 65-тиот километар од автопатот А-52 во близина на општината Паласиос се Санабрија. Тој бил во возилото заедно со неговиот брат Андреа (26) и двајцата починале на самото место.

Жота беше член на Ливерпул од 2020 година, а сезонава имаше удел во освојувањето на Премиер лигата.

Пред „Црвените“ тој настапуваше за Пако Фереира, Атлетико Мадрид, Порто, Вулверхемптон…а беше стандарден во дресот на португалската репрезентација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни