Познатиот дански терапевт, Јеспер Јул, напишал многу книги во текот на својот живот и се занимавал и со теми за родителството и со психологијата воопшто.
Во книгата насловена како, „Пет основи на семејниот живот“, познатиот терапевт препореачува еден перфектен подарок што родителите можат да им го дадат на своите деца за нивните родендени.
Јул во својата книга пишува дека тоа не важи само за родендени, туку неговиот совет генерално е насочен кон односот родител-дете, но и дека тоа може да биде најдобриот роденденски подарок што можете да му го дадете на вашето малечко.
Имено, тој советува пред роденденот на вашето дете да одвојте еден момент за целосно искрен разговор со вашето најмило и да му кажете како тој или таа ви го направил животот подобар. Навистина, има ли подобар подарок за детето од такви зборови кои ќе му дадат до знаење колку ви значи и колку го сакате?
„Кажете му на вашето дете колку ви значи и како ви го промени животот. Кажете му го тоа од срце. Родителите честопати велат дека ги сакаат своите деца, но овие конкретни зборови за тоа како децата нè збогатуваат оставаат подлабока трага. Ова можете да го правите за секој нивни роденден, а секоја година тие зборови ќе им значат се повеќе“, напиша Џеспер Јул.
Тој истакна дека овој подарок можете да го подарите и на многу мало дете, бебе, кое иако можеби не го разбира целосно значењето на вашите зборови, ќе ја почувствува љубовта во вашиот глас. „На овој начин децата уште од мали нозе учат што значи отворена и искрена комуникација“, тврди познатиот терапевт.