Според ООН секој четврти жител нема пристап до чиста вода

Секој ден, повеќе од илјада деца на возраст под пет години ширум светот умираат од болести предизвикани од загадена вода, недостаток на санитарни услови и лоша хигиена, објави УНИЦЕФ во Њујорк.

Вкупно 190 милиони деца во 10 африкански земји се изложени на ризик, покажува новата анализа на организацијата.

Ситуацијата е најсериозна во земјите од Западна и Централна Африка, како што се Бенин, Буркина Фасо, Камерун, Чад, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Мали, Нигер, Нигерија и Сомалија.

Многу од овие земји страдаат од нестабилност и вооружени конфликти, што дополнително го отежнува пристапот на децата до чиста вода и канализација.

Целта на Конференцијата за вода на ОН е да се разгледа степенот до кој може да се постигнат меѓународно договорените цели, вклучително и целта за одржлив развој на ОН за пристап до чиста вода до 2030 година, пренесува Dpa.

Според податоците на ОН, дури две милијарди луѓе во светот или секој четврти жител нема пристап до чиста вода.

Извор: dnevnik.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни