Познатиот американски дневен весник „Њујорк тајмс“ неодамна прослави 125 години по почетокот од објавувањето на рецензии за нови книги. По повод на овој јубилеј на читателите на печатените и онлајн изданијата на весникот им беше овозможено да го дадат своето мислење за најзначајните литературни дела создадени во тој период.
Луѓе од шеесет и седум земји ги номинираа своите фаворити, а новинарите врз основа на нивните гласови направија листа од 25 најдобри романи од последните 125 години. Читателите, во ноември дополнително биле поканети да го изберат својот омилен роман од таа листа, по еден месец, беа објавени резултатите од гласањето.
Според одлуката на читателите на „Њујорк тајмс“, најдобриот роман во последните 125 години е „Да се убие птицата подбивница“ од американската писателка Харпер Ли. Второто место го зазеде романот „Господарот на прстените: Дружината на Прстенот“, првиот дел од фантастичната трилогија на Џ. Р. Р. Толкин, третото е дистопискиот класик „1984“ на Џорџ Орвел, а четвртиот роман е „Сто години самотија“ од колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркез. Петтото место на листата го зазема романот „Сакана“, напишан од Тони Морисон.
Во продолжение е списокот со 25-те најдобри романи од последните 125 години според читателите на „Њујорк тајмс“:
– Харпер Ли „Да се убие птица подбивница“ (1960)
– Џ. Р.Р. Толкин „Господарот на прстените: Дружината на Прстенот “(1954)
– Џорџ Орвел „1984“ (1949)
– Габриел Гарсија Маркез „Сто години самотија“ (1967)
– Тони Морисон „Возљубена“ (1987)
– Ентони Дор „Целата светлина што не можеме да ја видиме“ (2014)
– Џозеф Хелер „Квака – 22“ (1961)
– Џ. Д. Селинџер „Ловецот во ‘ржта“ (1951)
– Е. Б. Вајт „Пајажината на Шарлот“ (1952)
– Џон Кенеди Тул „Заговор на будали“ (1980)
– Рохинтон Мистри „Деликатна рамнотежа“ (1995)
– Ејмур Тоулс „Џентлмен во Москва“ (2016)
– Маргарет Мичел „Однесено со виорот“ (1936)
– Џон Штајнбек „Плодовите на гневот“ (1939)
– Ф. Скот Фицџералд „Големиот Гетсби“ (1925)
– Маргарет Атвуд „Приказната за слугинката“ (1985)
– Џ. К. Роулинг „Хари Потер и каменот на мудроста“ (1997)
– Дејвид Фостер Волас „Бескрајниот крадец“ (1996)
– Хања Јанагихара „Мал живот“ (2015)
– Владимир Набоков „Лолита“ (1955)
– Лари Мекмартри „Осамениот гулаб“ (1985)
– Ричард Пауерс „Шумата на шумата“ (2018)
– Џон Ирвинг „Молитва за Овен Мини“ (1989)
– Бети Смит „Едно дрво расте во Бруклин“ (1943)
– Џејмс Џојс „Улис“ (1922)
Извор: Њујорк Тајмс
