Според предвидувањата на британските обложувалници, шансите за нов папа да биде избран шефот на италијанската бискупска конференција (CEI) Матео Чупи од Болоња, како и Питер Турксон од Гана, кој, доколку биде избран, би бил првиот црн папа во историјата, се намалени.
Сепак, во последните неколку часа, кај обложувалниците се зголемија шансите Французинот Жан-Марк Авелин, кој беше штитеник на папата Франциск и кој има 33 години, да биде избран за нов папа.
Во исто време, најновата анкета покажа дека мнозинството Италијанци, односно повеќе од 74 проценти од нив, сакаат новиот папа да го продолжи понтификатот на папата Франциск.
Анкетата покажа дека мнозинството Италијанци, 60 проценти од нив, не се грижат од која националност ќе биде новиот папа, додека останатите претпочитаат избор на Италијанец.
Учесниците во анкетата, исто така, веруваат дека новиот папа треба да се залага за мир, борба против сиромаштијата и прекумерното вооружување.
Конклавата за избор на папа ќе започне во среда, 7 мај, а во изборот на новиот папа ќе учествуваат 133 кардинали.
Папата Франциск почина на 21 април на 89-годишна возраст од мозочен удар и срцева слабост, пренесува Танјуг.