Скопје утрово четврти најзагаден град во светот, позгаден и од Мумбаи

Главниот град на земјава, се најде на четвртото место и помеѓу десетте најзагадени градови во светот

Според швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот „Ај кју eр“ (IQ Air), индексот на квалитетот на воздухот во Скопје вчера вечер достигна рекордни 170, што повисоко во однос на последните денови. Утрово градот се разбуди како четврти најзагаден во светот.

Скопје продолжува да биде во групата помеѓу десетте најзагадени градови во светот. Според листата на швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот „Ај кју eр“ (IQ Air), Скопје е позагаден дури и од Мумбаи во Индија.

Во листата на топ десет најзагени градови се најдоа и Мумбаи, Јакарта, Кампала и Ташкент.

Од околните градови, Сараево е на11 место, Приштина на 60 место, Загреб на 31 место и Белград на 22 место.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни