Спој со природата – Зачински билки за тело без болка

Скоро и да не постои човек кој барем еднаш во животот не се соочил со болка која му го променила не само денот туку и начинот на функционирање во животот. Повеќето луѓе кога чувствуваат тегоби посегнуваат по бројни лекови, фармацевтски или природни, барајќи спас од непријатната ситуација. Сепак лекарите укажуваат дека претераната честа употреба на лекови создава отпорност на организамот да го апсорбира нивното лековито дејство.

Листа на намирници кои можат да ја отстранат болката во телото, а притоа да не му наштетат.

Чили пиперчиња

Според археолозите, луѓето јаделе чили пиперчиња уште пред речиси 10.000 години. Оттогаш, чили пиперчињата се користат за сè. Јапонските каратисти јадат чили пиперчиња за да ја зајакнат својата волја. Истражувањата покажале дека капсаицинот, активната состојка во чили пиперчињата, помага при намалувањето на главоболките, артритисот и болките предизвикани од хронични проблеми.

Цимет

Циметот е хранлив зачин богат со антиоксиданти кои успешно се борат против Алцхајмеровата болест, дијабетисот, Паркинсоновата болест, па дури и ракот. Тој е моќно оружје против кардиоваскуларните проблеми. Истовремено, циметот е еден од најдобрите природни регулатори на шеќер во крвта, со што се намалуваат шансите за појава на дијабетес.

Шафран

Шафранот е најскапиот зачин во светот. Својствата на оваа состојка ја оправдуваат неговата висока цена. Едно истражување покажало дека шафранот има антидепресивни својства слични на одредени лекови против депресија. Друга студија покажала дека шафранот го зголемува протокот на крв во мозокот, што може да помогне во зголемување на когнитивните перформанси.

Нане

Три шолји на ден чај од нане ги намалуваат стомачните грчеви и надуеноста во стомакот за помалку од 48 часа. До овој податок дошло истражувањето направено во Канада. Чајот од нане ќе има поголем ефект доколку се пие половина час пред секој оброк. Состојките од нането ги уништуваат меурчињата од гас во дигестивниот систем и го спречуваат нивното повторно формирање.

Ѓумбир

Ѓумбирот е состојка која ефикасно ги отстранува болките во мускулите и зглобовите. Тој успешно се бори против воспаленијата и во мускулите и во зглобовите. Една неодамнешна студија покажа дека луѓето кои секојдневно консумираат ѓумбир во рок од 11 дена почувствувале намалување на болките. Освен тоа, ѓумбирот е одличен природен лек против настинка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни