Список на земји кои најдобро се грижат за природата, на прво место една европска земја

Живееме во ера на масовнa негрижа за природата, истребувања, загуба на живеалишта, загадување, лов и се што придонесува за губење на биолошката разновидност, а популацијата на дивиот свет и растенијата се намалува со огромна брзина.

Индексот за зачувување на природата проценува како земјите ја штитат својата животна средина, колку растенија и животни се изложени на ризик од истребување и големината на заштитените области во однос на квалитетот на законите за зачувување на природата.


Користејќи ги овие преференци, Индексот за зачувување на природата составил листа на најдобри земји во однос на нивната посветеност на зачувување на природата, а на првото место како најдобра земја во светот за зачувување на природата се најде Луксембур. Малата европска земја постигна 70,8 од 100 проценти, особено благодарение на она што во извештајот се опишува како „силна мрежа на заштитени подрачја“ кои „служат како засолништа за широк спектар на растителни и животински видови“.

Кирибати е на дното на листата, на 180. место. Пацифичката островска држава презеде чекори оваа година за да ја заштити својата природна средина и морски живот, но многу делови од нејзиното крајбрежје се изложени на ризик од ерозија, а неуправуваниот отпад доведе до значително загадување на водата.

Земји кои најдобро се грижат за зачувување на природата – Луксембург, Естонија, Данска
Финска, Велика Британија, Зимбабве, Австралија, Швајцарија, Романија, Костарика…

Извор – N1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни