Тридесет и седумгодишниот Бејли изјави дека му претставува „голема чест“ да биде избран за ова признание, кое претходно го добиле познати актери како Крис Хемсворт и Џорџ Клуни.
Неговиот избор беше објавен во емисијата The Tonight Show Starring Jimmy Fallon.
Бејли моментално ја толкува улогата на принцот Фијеро во филмскиот мјузикл Wicked и ќе ја повтори улогата и во продолжението Wicked: For Good. Оваа година, тој се појави и во филмот Jurassic World: Rebirth.
Минатогодишен носител на титулата „најсекси маж на светот“ беше актерот Џон Красински, познат по серијата The Office.
Меѓу поранешните добитници на ова признание се и пејачите и актерите Блејк Шелтон, Адам Левин, Идрис Елба и Ченинг Тејтум.
Извор:N1info.rs