Трикратниот оскаровец и режисер на филмови како „Шиндлеровата листа“, „Спасување на војникот Рајан“, „Паркот Јура“ и „Ајкула“, има само еден клучен услов за актерите кои сакаат да работат со него: да нема авансно плаќање.
Спилберг бара од своите ѕвезди да се обложат – односно да преземат дел од ризикот со него кога станува збор за успехот на филмот. Наместо вообичаените големи хонорари што многумина ги бараат пред да започне снимањето, тој инсистира дека платата на актерите зависи исклучиво од тоа колку заработува филмот. Тој вели дека работи на ист начин:
„Немам земено режисерска плата 18 години. Ако филмот не заработува, не заработувам ниту јас. Ги имам истите очекувања од актерите“, објасни тој.
Кога ја прифатил улогата во филмот Minority Report, Том Круз се согласил со тие правила. „Тој не доби никаков аванс и не му беа гарантирани пари ако филмот не се помине добро“, изјави Спилберг еднаш за The New Zealand Herald. Том Хенкс го направи истото во Saving Private Ryan, а подоцна, благодарение на процентот од заработката, заработил значителна сума на пари.
„Повеќето мои филмови немаат ниту актерски ѕвезди. Но, јасно им давам до знаење на оние што сакаат да работат со мене: ако јас ризикувам, ризикувате и вие“, истакна тој.
Многумина сметаат дека тоа не е голем ризик, со оглед на тоа што Спилберг е режисер чии филмови ги одбележаа седумдесетите, осумдесеттите и деведесетите.
За споредба, режисерот Кристофер Нолан има многу поинакво правило: нема столчиња на снимање!
Актерката Ен Хатавеј еднаш рече дека неговиот став е многу јасен: „Ако луѓето имаат столчиња – ќе седат. И ако седат – не работат“.