Петтата по ред Парада на гордоста/Скопје Прајд, годинава ќе се одржи на 22 јуни под мотото „Спектакуларно непослушни!“
Националната мрежа против хомофобија и трансфобија на прес-конференцијата посветена на овогодишното издание на Парадата на гордоста изнесоа многу важни моменти во однос на организацијата, говорот на омраза, очекувањата од оваа парада. Појдовна точка, како и досега, ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици, според истата рута како и минатите години и ќе заврши со културно-музичката програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.
Уранија Пировска, Кочо Андонов и Ангел Димитриевски на прес – конференцијата ја истакнаа важноста на поддршката на оваа Парада на гордоста.