Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните квалификациски натпревари, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје лесно и според очекувањата ја совлада најслабата селекција во групата Лихтенштајн со убедливи 5-0.
Македонија доминираше на натпреварот, можеше да постигне и уште некој гол, особено во вториот дел кога имаше многу повеќе шанси.
Елмас во 19. минута од средбата со прекрасен гол, откако направи „дар-мар“ низ одбраната на Лихтенштајн донесе водство.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, по натпреварот порача: „Браво, браво… табелата за Светско првенство никогаш не изгледала поубаво!“
Тимот на селекторот Милевски покажа доминација од првата до последната минута, а поранешниот дебитант Решат Рамадани и Милан Ристовски добија шанса од клупата, додека Лихтенштајн не успеа да се спротивстави на домашната офанзива