Во централното градско подрачје, по потреба, за сообраќај ќе бидат затворени:
- Бул. „Партизански Одреди“ (од крстосницата со ул. „Франклин Рузвелт“ до крстосницата со бул. „ВМРО“),
- Бул. „Св. Климент Охридски“ (од крстосницата со бул. „Илинден“ до ул. „Димитрие Чуповски“),
- Ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (од ул. „9-ти Мај“ до кружниот тек со ул. „Св. Кирил и Методиј“).
Автобусите што минуваат преку мостот „Гоце Делчев“ ќе имаат изменети траси: ќе се пренасочуваат по бул. „Илинден“ и ул. „Франклин Рузвелт“, со приклучок на бул. „Партизански Одреди“. Истото важи и за автобусите што транзитираат низ центарот.
Во Ѓорче Петров, по потреба, ќе се затвори ул. „Македонска Војска“ пред црквата „Св. Петар и Павле“, од крстосницата со бул. „Партизански Одреди“ до ул. „Ѓорче Петров“.
Во општина Аеродром ќе се затвори локалниот пат кон с. Лисиче.
МВР најавува дека можни се и дополнителни затворања на улици во близина на верските објекти во градот.