Час и половина низ снег, пожарникари спасиле семејство со бебе кај Плитвице

Пожарникари од Плитвичките Езера спасија семејство со бебе заглавено во снег. Акцијата траела час и половина.

Пожарникари од Плитвичките Езера спасија семејство со бебе кое останало заглавено во шумска област. Интервенцијата траела повеќе од еден час.

Пожарникарите од Плитвичките Езера спасија семејство со бебе од една и пол година, кое било заглавено во комбе во шумата во областа Крбавица.

По пријава добиена во 13:08 часот, на терен веднаш биле испратени пожарникари од ЈВП и ДВД „Плитвичка Језера“.

Во акцијата учествувале четворица пожарникари со две возила, кои се пробивале низ снегот до местото каде што се наоѓало семејството.

Спасувањето траело околу час и половина поради тешките временски услови и непристапниот терен.

Хрватската противпожарна служба изминативе денови бележи зголемен број интервенции поради невремето, со повеќе од 1.300 случаи до петок попладне.

Дел од нив, како оваа, биле од животно значење за граѓаните заглавени во екстремни услови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни