Спасувачите ја прекинаа потрагата по исчезнатиот метеоролог од Бјелашница

Спасувачите попладнево мораа да ја прекинат потрагата по исчезнат метеоролог на босанската планина Бјелашница, кој тргнал на работа, но не пристигнал, јавуваат локалните медиуми. Потрагата вториот ден од исчезнувањето на 46-годишниот маж е прекината поради екстремните временски услови и снежното невреме што беснее на планината, јавуваат локалните медиуми.

Дијана Раѓо од Планинарската станица за спасување – станица Сараево изјави дека потрагата е прекината во 15 часот поради снежно невреме, но дека планираат да продолжат со потрагата и утре наутро.

Во потрагата денеска, како што рече таа, учествувале меѓу 40 и 50 спасувачи.

Исчезнатиот е од градот Коњиќ. Вчера рано изутрина отишол на врвот на опсерваторијата да ја преземе смената и оттогаш се води како исчезнат.

Според властите, потрагата ќе продолжи како што дозволува временските услови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни