Спасени 155 патници од воз кој беше киднапиран од пакистански сепаратисти

BLA во вторникот соопштила дека задржала 214 лица како заложници, а безбедносен извор изјавил за Ројтерс дека во возот имало 425 патници кога бил нападнат. Не се знае точно колку милитанти биле вклучени во нападот. Безбедносни извори рекле дека досега се убиени 27 луѓе.

Пакистанските сили спасиле 155 патници од воз кој беше киднапиран од сепаратистички борци на југозападот на земјата, изјавија безбедносни извори денес, додека владата соопшти дека се изведува операција за спасување на десетици заложници. Милитантите ја дигнале во воздух железничката пруга и отвориле оган врз возот во вторникот додека патувал од Квета, главниот град на Белуджистан, до Пешавар во покраината Хајбер Паhtунва.

Белуджистанската ослободителна армија (BLA), етничка вооружена група, ја презела одговорноста за нападот и заканила дека ќе започне со погубување на заложниците ако политичките затвореници од Белуджистан, активистите и исчезнатите лица, за кои се тврди дека ги киднапирала армијата, не бидат ослободени во рок од 48 часа.

Милитантите поставиле бомбаши-самоубици да седат покрај некои од заложниците, изјавиле повеќе извори кои сакале да останат анонимни, комплицирајќи ги напорите за спасување еден ден по првиот таков немил настан во земјата.

Не е прецизирано колку лица се задржани, но Министерството за внатрешни работи во соопштението наведува дека операцијата за нивно спасување е во тек.

До сега убиени 27 луѓе, тврдат извори

BLA во вторникот соопштила дека задржала 214 лица како заложници, а безбедносен извор изјавил за Ројтерс дека во возот имало 425 патници кога бил нападнат. Не се знае точно колку милитанти биле вклучени во нападот. Безбедносни извори рекле дека досега се убиени 27 луѓе.

BLA е најголемата од неколку етнички вооружени групи кои се борат против пакистанската влада во минерално богата покраина Белуджистан, која граничи со Авганистан и Иран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни