Спасен параглајдерист кој остана заглавен на дрво над 30 метри височина кај Крушево

Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување, акцијата се одвивала под отежнати временски услови и силен ветар, но и покрај ризикот, спасувачкиот тим на ДЗС успеал безбедно да го симне странскиот параглајдерист.

Денеска се случуваше спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри, објави ЦУК.

Денес доцна попладне од страна на полициската станица Крушево бевме информирани дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри, од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото. Несреќата се случила во близина на Крушево.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, изјави дека лицето не се здобило со сериозни повреди

„Во услови на силен ветер, нашиот тим за спасување на планина успеа да го извлече параглајдеристот од дрвото. За среќа, тој е во добра здравствена состојба“, информира Ангелов.

Инцидентот се случил во попладневните часови, а според првичните информации, станува збор за турист од странство кој учествувал во параглајдерска активност над Крушево – популарна дестинација за љубителите на овој спорт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни