Создавање дабови садници за биолошкиот коридор за балканскиот рис

Садниците ќе бидат засадени во регионот Буковиќ, кој е од витално значење како биолошки коридор за балканскиот рис

На 26 октомври во 11 часот, Македонското еколошко друштво организира едукативен настан за создавање дабови садници, кој ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, кај третото езерце.

На овој настан, сите присутни граѓани ќе имаат можност да научат како од собраните желади под стеблата на дабовите дрва, може да создадат сопствени садници во саксии направени од стари весници.

По една година, овие садници ќе можат да се засадат во природа, придонесувајќи кон обновата на шумите.

Садниците ќе бидат засадени во регионот Буковиќ, кој е од витално значење како биолошки коридор за балканскиот рис.

Овој настан се организира со поддршка на проектот „Иницијатива северни шуми“ кој го реализираме заедно со PPNEA и Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија, и е целосно е поддржан од Шведската поштенска фондација

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни