Создадена е формула за авионско гориво кое нема да загадува, а авионитеќе бидат побрзи

Научниците од Политехничкиот институт Ворчестер направија потенцијален пробив во зелената авијација. Создадоа формула за ново одржливо гориво за авиони што значително ќе ги намали емисиите на штетни гасови кои произлегуваат од долгите летови.

Интердисциплинарен тим предводен од Јаган Јајачандран, доцент по воздушно инженерство и Адам Пауел, вонреден професор по механика и инженерство за материјали, користеа напредно пресметковно моделирање и анализа за да стигнат до нивните наоди, кои неодамна беа објавени во списанието Fuel.

Airplane and biofuel tank trailer. Decarbonization concept

„Како што авијацијата постојано се развива, така ќе растат и емисиите на штетни гасови“, рече Пауел. 

Меѓу другото тој додаде дека е време да се размислува поинаку од стереотипното гледање на работите, односно кон одржливи материјали кои ќе придонесат за долгорочно решение за намалување на јаглеродниот диоксид.

Формулата за гориво на Џајачандран и Пауел е создадена да користи минерал кој го има во изобилство како што е магнезиумот. Револуционерното годиво е кашеста маса од магнезиум хидрид (соединение со магнезиум и водород) измешана со јаглеводород. При согорувањето на ваквото биогориво нема да се ослободуваат штетни гасови, туку водена пареа и наночестички од магнезиум оксид (MgO), што автоматски ќе доведе до нула штетни емисии на гасови.

Горивото од магнезиум хидрид би решило и друг проблем!

Авионите кои ќе користат вакво гориво ќе имаат можност да поминуваат подолги релации. Тоа ќе биде така благодарение на хемиските својства на кашестата смеса која ќе зафаќа помал волумен  отколку класичното гориво. Научниците откриле и дека со ова органско гориво авионите ќе се движат и со поголема брзина, за најмалку 8 проценти, споредено со авионите кои користат керозин.

„Се надеваме дека нашата работа, која отвора нова категорија на одржливо воздухопловно гориво, ќе ја поттикне имагинацијата на другите истражувачи“, рече Пауел.

Џајачандран и Пауел имаат планови да го продолжат своето истражување преку спроведување на физички експерименти со примероци од горивото. Тие се надеваат дека нивното иновативно решение ќе ги заинтересира надлежните кои би ги помогнале финансиски за да продолжат со истражувањата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни