Совршена дестинација за забава на одмор со деца: Овие тематски паркови во Европа се вистинска бајка

Посетителите можат да уживаат во божиќен пазар со широк спектар на храна и пијалоци, тематски претстави, атракции со светлина на отворено, божиќни паради и разни забавни активности идеални за истражување со деца.

Зимските одмори во Европа стануваат уште помагични благодарение на тематските паркови кои се трансформираат во вистински бајковити светови. Децата и родителите можат да уживаат во празнични декорации, светлосни инсталации, да се запознаат со своите омилени ликови и широк спектар на забава, создавајќи спомени кои траат засекогаш.

Зимските одмори се вистинско време семејствата да избегаат од секојдневниот живот и заедно да уживаат во магијата на снегот и празничната атмосфера.

Покрај богатата понуда на Адвент на Стариот континент, европските тематски паркови во овој период стануваат вистински бајковити дестинации кои комбинираат забава, учење и празнична магија, обезбедувајќи им на децата и родителите незаборавни

Ова се вистински зимски земји на чудата, идеални за семејни посети. Од Германија до Холандија и Англија, овие дестинации нудат незаборавни искуства, магични декорации и активности прилагодени за најмладите.

Фантазијаленд Германија

Во Брил, недалеку од Келн, Фантазијаленд се трансформира во „Винтертраум“ – Зимски сон во периодот од 15 ноември 2025 година до 25 јануари 2026 година.

Посетителите можат да уживаат во божиќен пазар со широк спектар на храна и пијалоци, тематски претстави, атракции со светлина на отворено, божиќни паради и разни забавни активности идеални за истражување со деца.

Ефтелинг, Холандија

Најголемиот холандски тематски парк Ефтелинг, сместен во Катшеувел, ги воодушевува посетителите преку целата година со приказни засновани на европски митови, легенди и бајки.

Од почетокот на ноември до февруари, паркот се трансформира во празнична оаза со зимски декорации, гастрономска понуда и снежни атракции, создавајќи магична атмосфера за семејствата.

Леголенд Виндзор, Англија

Во Беркшир, Леголенд е рај за љубителите на светот на Лего и деца до 12 години.

Од 22 ноември 2025 година до 3 јануари 2026 година, паркот станува божиќна бајка, осветлена со илјадници светла. Посетителите можат да се сретнат со Дедо Мраз во неговата снежна куќа, да присуствуваат на празнични концерти, да гледаат театарски претстави и да уживаат во бројни забавни возења.

Студио „Ворнер Брос“ Ливсден, Англија

За љубителите на Хари Потер, студиото во близина на Лондон нуди постојана изложба „Создавањето на Хари Потер“ и тури на иконски локации од филмовите, вклучувајќи ја Големата сала и Хогвортс Експрес.

Од 15 ноември 2025 до 18 јануари 2026 година, се одржува Хогвортс во снегот, каде што Големата сала го оживува Балот на огнениот пехар со венци од имела, камини и празнична маса.

Дизниленд во Париз

Посетителите можат да уживаат во џиновска елка, магични светла на Мики Маус, празнични паради, концерти и специјални претстави кои ја носат магијата на Волт Дизни и празнична атмосфера идеална за деца и родители.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни