Совршен појадок за жени над 40 години

„Целта не е само да се чувствувате сити, туку да се поддржи хормоналното и кардиоваскуларното здравје, кое во оваа животна фаза е од клучна важност“, објаснува Московиц.

Како што старееме, телото минува низ бројни промени – метаболизмот се забавува, хормоналната рамнотежа се менува, а потребата за одредени нутриенти станува сè поважна. Според нутриционистите, токму појадокот може да има клучна улога во одржувањето на енергијата, регулирањето на шеќерот во крвта и здравјето на коските.

Нутриционистката д-р Лиса Московиц за Healthline истакнува дека жените над 40 години треба да започнат денот со оброк богат со протеини, здрави масти, влакна и антиоксиданси, но со минимален внес на рафинирани јаглехидрати.

Според стручњаците, идеалниот појадок би изгледал вака:

2 јајца (варени, поширани или приготвени на малку маслиново масло) – одличен извор на протеини и витамин D

Половина авокадо – богат со здрави масти кои помагаат во хормоналната регулација

1 лажица ленено семе – извор на омега-3 масни киселини и добра дигестија

Боровинки – силни антиоксиданси кои ги штитат клетките

Зелен чај – природен антиоксиданс со благ стимулирачки ефект

„Целта не е само да се чувствувате сити, туку да се поддржи хормоналното и кардиоваскуларното здравје, кое во оваа животна фаза е од клучна важност“, објаснува Московиц.

Протеините од јајцата го поддржуваат одржувањето на мускулната маса, здравите масти од авокадото и лененото семе го стимулираат мозокот и хормоналната функција, додека боровинките имаат позитивен ефект врз срцето и кожата.

Овој појадок е лесен за подготовка и може да се прилагоди – на пример, јајцата може да се заменат со грчки јогурт, а боровинките со јагоди или калинка. За жените над 40 години, ваков нутритивно избалансиран појадок може да биде мал, но значаен чекор кон подобро здравје секој ден.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни