Во четврток на 29 август во 18:00 часот во Сала за промоции, библиотеката ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, ќе се одржи предавање на тема „Современите модели на родителство и нивните предизвици“.
Предавањето ќе го одржи д-р Марина Кузмановска, лиценциран психолог и гешталт советник, која ќе ги истражи и дискутира современите пристапи во родителството.
Настанот е организиран во соработка со Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.