„Современа скулптура“ на македонските уметници

Изложбата со наслов „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), која од завчеравечер е отворена во галеријата „Ко-Ра“, во Домот на културата „Кочо Рацин” во Скопје, пред љубителите на уметноста ги претстави новите истражувања и идеи на уметниците поврзани со овој вид на уметност. На изложбата, со свои дела се претставуваат авторите: Нела Јанковска, Слободан Милошески, Стефан Анчевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Анѓел Димовски Чауш, Христијан Качаревски, Маја Кировска, Перо Кованцалиев, Доротеј Нешовски, Синиша Новески, Марина Цветановска-Мартиновска, Славчо Павловски, Татјана Ристовска, Ана Димчевска Семенпеева и Гоце Стоилковски.

„’Современата скулптура’ е биенална изложба на ДЛУМ со акцент на повик до уметниците кои се занимаваат со просторно обликување на ликовна форма. На мое големо задоволство беа пријавени навистина квалитетни дела, чија селекција е извршена од страна на уметничкиот совет на ДЛУМ. Семејството Митриќески секое ново издание на изложбата донира и финансиска награда, а ваквиот потег е многу значаен бидејќи самото име на наградата „Боро Митриќески“, во чест на еден од бардовите на македонската скулптура, дава посебна тежина и одговорност кон сите оние кои се пријавуваат на тој повик за учество, а воедно се и претенденти за наградата“, посочи Јана Манева-Чупоска, претседател на ДЛУМ.

Инаку, годинешен добитник на оваа традиционалната награда е Марина Цветановска-Мартиновска за нејзиното дело „3Д остаток“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни