Утре и во 18:00 часот во Europe House Bitola, Романскиот Културен Институт, во партнерство со Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија и Europe House Bitola, организира серијата културни настани посветени на браќата Манаки.
Настаните ќе се одржат во Europe House Bitola, со почеток во 18:00 часот, а ќе започнат со презентација на професорот Каталин Д. Константин на отворањето на изложбата на фотографии „Отаде вчера. Современа прошетка по стапките на браќата Манаки на почетокот на 1900 година.
На изложбата ќе бидат претставени фотографии направени пред 100 години од браќата Манаки, паралелно со фотографии од истите места направени во последните години од професорот Каталин Д. Константин.
Вечерта ќе продолжи со концерт на ансамблот „Imago Mundi“, кој ќе изведе дела кои како почетна точка ја имаат импресивната колекција на романска музика собрана од композиторот и етномузиколог Бела Барток, во истиот период во кој браќата Манаки фотографирале места и традиции од Балканот.