Советското вселенско летало Космос 482 ќе падне на Земјата – и тоа неконтролирано

Леталото Космос 482 било лансирано на 31 март 1972 година. Требало да стигне до Венера и да биде дел од слична мисија како Венера 8, која била лансирана четири дена пред неа. Сепак, поради проблем со ракетниот погон, останала во орбита околу Земјата, каде се наоѓа до денес. Првите делови од леталото паднале на Земјата на 3 април 1972 година, и тоа во Нов Зеланд.

Советската вселенска летало Космос 482, кое беше лансирано во 1972 година за истражување на Венера, наскоро ќе падне на Земјата – и тоа неконтролирано, предупредуваат научниците. Сè уште е рано да се каже точно каде ќе падне, но се очекува тоа да се случи на 10 мај, пишува The Guardian.

Холандскиот научник Марко Лангброк предвидува дека леталото, кое поради грешка во погонскиот систем не успеало да ја напушти орбитата во 1972 година, ќе се врати на нашата планета со брзина од 240 километри на час – под услов да не изгори во атмосферата.

„Не е дека нема никаков ризик, но не треба да бидеме премногу загрижени. Објектот е релативно мал и дури и ако не се распадне при влез во атмосферата, ризикот е сличен на случајните удари од метеори, какви што се случуваат неколку пати годишно. Поголем е ризикот да ве удри гром. Ризикот е мал, но не треба целосно да се занемари,“ изјави Лангброк.

Леталото Космос 482 тежи околу 500 килограми. Поголемиот дел од самата капсула, која е округла и има пречник од еден метар, веќе паднал на Земјата. Главниот дел се наоѓа во елиптична орбита веќе 53 години и сега почнал да ја губи орбитата.

Постојат големи шанси леталото да го преживее влегувањето во атмосферата, бидејќи е направено да издржи густата атмосфера на Венера, вели Лангброк, експерт од Технолошкиот универзитет во Делфт.

Научниците се сомневаат дека падобраните на леталото сè уште функционираат, но можно е заштитниот штит да е сè уште активен. Како што вели Џонатан Мекдауел од Центарот за астрофизика на Харвард и Смитсонијан, би било подобро штитот да се распадне – бидејќи ако не, метален предмет тежок половина тон ќе падне од небото.

Можно е Космос 482 да заврши во океанот, но пресметките сè уште не се завршени.

Леталото Космос 482 било лансирано на 31 март 1972 година. Требало да стигне до Венера и да биде дел од слична мисија како Венера 8, која била лансирана четири дена пред неа. Сепак, поради проблем со ракетниот погон, останала во орбита околу Земјата, каде се наоѓа до денес. Првите делови од леталото паднале на Земјата на 3 април 1972 година, и тоа во Нов Зеланд.

(Telegraf Nauka / The Guardian)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни