Советот на амбасадори: Високата позиција во НАТО е признание за Македонија

Советот на амбасадори на С Македонија денеска го поздрави изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО.

„Поставувањето на личност од нашата земја на ваква висока позиција во НАТО-алијансата, во толку комплексен момент во нејзината историја, кога Европа се соочува со голема закана по нејзината безбедност, претставува признание за Македонија, како точка која може да претставува место за отпуштање на затегнатост, пример за заемна почит на разлики и негување европски вредности, но и пример за проактивност и донесување одлуки во клучни моменти со позитивни резултати“, пишува во соопштението на Советот на амбасадори.

Оттаму велат дека ова е голем успех за нејзината политичка кариера, но е уште поголем успех за државата. Веруваат дека Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата. Тие наведуваат дека, РС Македонија покажува дека, иако мала, може значајно да придонесе кон мирот во Европа и светот преку нејзиното активно дејствување во НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.

Шекеринска на оваа позиција ќе дојде на местото Борис Руге, кој во моментов е вршител на должноста заменик-генерален секретар на Алијансата, откако, Романецот Мирчеа Џеоана се повлече од функцијата за да се кандидира за претседател на неговата земја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни